
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ДОБИЕНИ РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТ СО ЗИМ СКОПЈЕ АД СКОПЈЕ,,ИНОВАЗИМ,, ЗА ПЕРИОД ОД 2018-2023
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОЕКТ
Истражување и практична примена на Електрофилтерската пепел /ЕФП/ од термоелектраната РЕК Битола во стабилизација на природни почвени материјали при изградба на патишта, како и на дробени камени материјали за стабилизирани носиви слоеви на коловозните конструкции, со што Ке се реши складирањето и некористењето на огромни количини на ЕФП, кои мегу другото се причинители на серија заболувања од полесни до потешки во опфатот на општина Битола, истовремено заштедувајќи цемент.
Со решен пример за проектно решение на носечки слој од комплексно стабилизиран материјал (КSM) со електрофилтерска пепел /ЕФП/ од термоелектраната на РЕК „Битола Ке се докаже во лабораториски услови неговата техничка, економска и еколошка предност над стандардизиран и скап носечки слој изработен од стабилизација со портланд цемент.
Идејата на овој проект се базира на магистерската теза на м-р Борис Танески, дги СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ПРИРОДНИ ПОЧВЕНИ МАТЕРИЈАЛИ ПРИ ИЗГРАДБА НА ПАТИШТА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОФИЛТЕРСКА ПЕПЕЛ /ЕФП/ ОД ТЕРМОЕЛЕКТРАНА РЕК БИТОЛА ВО БИТОЛА.
Идентификуван е проблемот со неискористените огромни количини на Електрофилтерска пепел /ЕФП/ кои настануваат од работењето на РЕК Битола, нејзино отстранување од локацијата на територија на општина Битола, и искористување при производство на носив слој на коловозните конструкции низ патната мрежа на Р.Македонија.
Овој проект со неговиот иновативен пристап при производството на носиви слоеви на коловозни конструкции за целокупната патна мрежа низ РМ во дологорочен период ќе придонесе кон драстично намалување на складираните количини на пепел во РЕК Битола, нивно вградување искористување во друг материјал притоа намалувајќи ги трошоците за производство на носиви коловозни слоеви /заштеда во цемент/, но и штитејќи ја животна средина двократно со намалување на производството на цемент, и отрстанувајќи го складираниот пепел од територијата на општина Битола.
Тип на иновација — се работи за иновација на производ-комплексно стабилизиран материјал ЛССМ/ и истовремено и технологија, каде при изработка на носиви коловозни слоеви се користи елекгрофилтерска пепел од РЕК Битола.
Бизнис можност — користење на индустриски полупроизводи — отпад при производство во РЕК Битола како замена за скап материјал-цемент во производство на патни носиви коловозни конструкции
Фаза на иновацискиот проект — проектот е во фаза на завршени првични испитувања со пепелта од РЕК Битола, и добиено позитивни резултати споредени со слични 12/дванаесет/ испитувања извршени во Велика Британија/Англија/.
Предмет на иновацискиот проект — конкретно производство на материјал за носиви коловозни слоеви во нискоградбата во асфалтната база на БАУЕР БГ.
Новитет на новото решение — производство на стабилизиран материјал за носиви коловозни патни конструкции со употреба на индустриски полупроизводи од термоелектрани /односно РЕК Битола/ или високи печки во железарници — тнр.
Комплексно стабилизирани материјали (КSM) кој претставува мешавина:
Основен материјал (локален минерален агрегат)
Адитивен материјал (постоечки пуцолански материјал)
Активно хидрауличко врзивно средство (цемент, градежна вар и сл.)
Вода
За изработка на КSM за адитивот најчесто се користат секундарни суровини како индустриски полупроизвод од технолошкиот процес на термоелектрани (пепел) или на високите печки во железарници (згура-троска) кои се одликуваат со пуцолански особини. Овие материјали преставуваат отпаден материјал во енормно големи количини, при што се можни но не и единствени решенија за избор. Најчесто се користат:
Пепел од термоелектрани
Згура - троска од железарници
Природни вулкански туфови
Разредени битумени и сл.
Во овој случај изработена е мешавина од: Варовнички агрегат - 85 0/0
Гранулирана згура - 13 0/0
Хидратисана вар - 2 0/0
Поасоновиот број во принцип варира во зависност од големината на применото напрегање, кога интензитетот на применетото напрегање изнесува приближно околу 70 0/0 од максималното, негова вредност изнесува 0,10 до 0,15.
Добиени резултати и бенефит од проектот
Овој производ значително ја унапреди работата на нашето претпријатие — со нејзината практична примена Се создадоа научно-истражни, така и финансиски бенефити Оваа иновација Ке отвори можности за понатамошни истраги од овој вид — напр. употреба на згурата од индустриското производство во изработка на тампонски слоеви за коловозни конструкции
Резултатите се пред се од доменот на науката, и давање придонес во климатските промени со Институтот за змејотресно инженерство и климатски промени ИЗИКП Скопје
Иновацијата Ке придонесе пред се кон намалување на трошоците за производство на коловозните конструкции, со истовремено отстранување на неискористен отпад од РЕК Битола, а во иднина и Осломеј Кичево со што ќе дадеме допринос во климатските промени
Влијание врз животната средина — огромно позитивно влијание врз животната средина на општина Битола [постепено отстранување на ЕФП — електрофилтерската пепел од РЕК Битола, со самото тоа — социјалното и општественото влијание во животот на територијата на општина Битола Ке биде непроценливо.
Генерирање на приходи - со самото намалување на учеството на цементот во производството на патни коловозни конструкции, и употреба на ефтин материјал-отпад како замена ќе се постигнат неочекувано за наши прилики добри финансиски резултати.
Главни клиенти - Јавното претпријатие за државни патишта, изведувачите во областа на нискоградбата во МК, општините во МК
Главни добавувачи - РЕК Битола, увозници на битумен
Главни партнери - изведувачите од областа на нискоградбата, РЕК Битола
Ценовна стратегија - Ке се изработи калкулација со макс 15 0/0 профит како би се понудила конкурентна цена на пазарот
Заштита на животна средина - со користење на ЕФП-електрофилтерската пепел отпаден материјал од РЕК Битола Ке се намали негативното влијание врз животната средина на територијата на општина Битола
Корисници на нашето решение — сегмент на нискоградбата во Р.Македонија, но и во соседните земји Албанија, Косово, Србија, Бугарија
Големина на пазарот на кој планираме да настапиме пазарите на соседните држави гореспоменати вклучително и македонскиот изнесуваат цца 22 мил жители, со можност за раст од 3-5 0,4 на годишно ниво на нивниот БДП, како и воведување на новите коловозни технологии кои ќе го опфатат и нашето иновативно решение
Најрелевантен пазарен сегмент е нискоградбата изградба на патишта.
Влијание на летечката пепел врз животната средина и климатските промени
