Испитување со пробно товарење на висечки пешачки мост - панорамско тркално на река Вардар

2025-01-13 12:00:00

Во овој труд е презентирана постапка за испитување на пешачки висечки мост на река Вардар Испитувањето на носивоста на мостот е извршено со пробен товар , за вкупно три фаза на оптоварување и две фази на растоварување . Мерењата на угибите на главните носачи на мостот се извршени со геодетско мерење и угибомери додека напрегањата во челичната конструкција се измерени со мерни ленти Со цел да се изврши споредба на измерените угиби и напрегања од пробното товарење , изработена е статичка анализа со пробно товарење и проектни натоварувања на просторен математички модел изработен со комјутерскиот програм ЅАР2000.
Максималните измерени угиби се приближно исти со пресметаните
, и се симетрично распределени по должина на главните кутијасти носачи . Од влијание на долготрајно дејство на нанесениот товар како и влијанието на температурните промени трајните измерени угиби на двата главни кутијасти челични носачи , во средина на второто поле се очекувани за овој вид на мостовски конструкции Измерените и пресметаните напрегања се приближно исти, и се во рамките на очекуваните вредности
Со споредба на измерените и пресметаните резултати од пробното товарење и резултатите од Проектот
, може да се констатира дека нивото на напрегања во конструкцијата се помали од дозволените, што укажува дека конструкцијата поседува дополнителна резерва во носивоста.