
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КАТЕДРАЛНА ЦРКВА НА ЛОКАЛИТЕТ КАЛЕ БИТОЛА
Репрезентите на минатото градбите на културно историските објекти претставуваат масивни ѕидани конструкции со релативно мала дуктилност поради што во минатото биле оштетени од влијанија од земјотреси , нерамномерни слегавања на темелната основа , климатски влијанија , но и од внатрешни дегенеративни процеси ( стареење/деградација на применетите автентични материјали ) . Неминовна е нивна заштита, консолидација на постоечките конструктивни и архитектонски елементи , а со цел обезбедување на подолготрајна и континуирана егзистенција на културните добра. Како соодветно ниво на заштитна интервенција е примена на минимални конструктивни мерки кои во целост ќе го почитуваат архитектонско конструктивниот концепт на недвижното добро , односно истите нема да ја нарушат неговата културно историска , архитектонска и уметничка вредност.
Во трудот е анализирана конструкцијата на недвижното културно добро катедрална црква Свето Успение на Пресвета Богородица на локалитет Кале Битола , за која е утврденаактуелната состојбатана темелните остатоци и видот на оштетувања Извршено е дефинирање на сеизмички параметри на локацијата , испитување на јакостно механички и хемиски карактеристики на вградените материјали полна печена тула и варов малтер , и статичка и сеизмичка анализа на конструкцијата Напонско деформационата состојба укажува на доволен капацитет на носивост и стабилност за гравитациони експлоатационии сеизмички товари.
За да се обезбеди носивост и сеизмичка стабилност на конструкцијата како целина , неопходна е консолидација и зајакнување на зачуваните/постоечки ѕидни структури со изведба на а.б. ѕид прстен, периметрален челичен серклаж и ињектирање. Дополнително, за ново предложениот конструктивен систем на црквата составен од масивни носиви ѕидови и куполни и сводести конструкции, предвидено е зајакнување со хоризонтални и вертикални челични серклажи.
